со (предл.) - впечаток (имн.)

Дојде преполна со впечатоци. Толку многу беше воодушевена што гласот ѝ трепереше кога раскажуваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Останував со впечаток дека таа се плаши оти сакам да ја вратам во некој сокак од кој веќе беше излегла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ТАША
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Малечката Пелагија беше толку многу полна со впечатоци од училиштето и зборовите на Перса не се помешаа со вкусното јадење, и додека тие двете сѐ уште јадеа, таа си ја побара платнената торба и почна да буричка по тетратките и книгите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зборовите и советите што ми ги упати Никола Леко откако ме сослуша беа премногу горчливи и останав со впечаток дека тој не се ни обидува да ја сфати мојата жална состојба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)