Почнаа и војводите да пукаат, им се придружија четниците и останатите востаници, но укрепениот аскер не ги остави своите метеризи — гробиштата и не попушти, а веќе и зората забеле, та војводите наредија повлекување да не ги фати денот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Коњот пак исцвили. Ја затресе бујната грива, се исправи на задните нозе и како стрела летна со војводата кон Мечкин Камен...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Гласот од Бојковата пушка го слушнаа војниците во гробиштата на кои удри главната востаничка сила со војводите и почнаа да стрелаат, заклонети зад гробовите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Територијата била поделена на воено - административни единици (области) на чело со војводи, велможи и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)