Според хаосот и редот на масичките, според начинот на кој беа средени или растурени, по таа чудесна геометрија на редот или хаосот, можеше да се прочита геометријата на изминатиот живот, нешто што, оние кои лежеа покрај масичките, и кои го имаа проживеано тој живот со чудесна геометрија, не можеа или не знаеја да го кажат со зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На некои масички предметите беа наредени со внимателност, понекогаш по строго определен ред, на други беа расфрлени, создавајќи хаос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)