Зад мене шепоти Караџица. Голем, гласен кос на слива се довикува со ветерот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ох, не можам ниту да опишам колку прекрасно е таму, горе на небото, со ветерот што минува крај мене и ме носи како пердув.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ја чувствувам твојата болка без рана, изгазените мечти, прекинатиот лет, растуреното гнездо и надежните соништа одвеани со ветрот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Патник што нема ни пат ни цел и со ветровите спие.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Црни рапави кори – шупливи инструменти населени со ветрови и ноќни птици.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Надвор врнеше дожд со ветер кој удираше по џамовите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)