Дали можев нешто битно да променам со мојата, можеби „донкихотовска борба“ со бункерите, како со ветерниците на славниот јунак на Сервантес, односно со моето напати „наивно противење”, што може да има кафкијански последици во текот на моето погрешно преземено патување во сталинистичка Албанија, излезено од орбитата и показот на татковите книги?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Продолжи веселото друштво на масата да пие и да се весели, а јас овде продолжувам да го водам антисталинистичкиот бој како амбициозен балкански Дон Кихот со бункерите – ветерници и наредбодателите на нивните градители...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)