Заедно со живеалишните и добиточните згради, со живинарниците, кошарите и амбарите, со гумната и оградите за излачување на добиточниот подмладок, со бунарите и коритата за пиење на добитокот и со родните дрвја, Имотот, на садриазамот му се чинеше, се простира до во недоглед.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Навистина Симон“, рече едно време Коте Буџе, божем ништо не знае и ништо не чул, „навистина“, рече, „кога ќе почнеме со бунарот, да е за бериќет?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Поврзаноста на моите мисли со бунарот стана постојана.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Аирлија, си почнал со бунарот“, рече. „Почнав“, реков јас.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Лежев завиткан во чаршафот кој веќе мирисаше на пот и ја зголемував треската со нервозата што ја имав заради тоа што таа треска ми се јавува еве токму сега на почетокот од големата и благородна работа поврзана со бунарот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)