- Хм ... Тогаш ... Тогаш нека биде така ... Смешајте се со борците ... - се насмевна учителот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Мене судбината ми одреди да одам на југ, и во тој правец ќе тргнам, кон Солун - се јуначеше со тенок глас човечето Крсто.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Јас појдов на шпанските боишта уште во 1937 година со борците од Македонија, на страната на Ла Пасионарија, кога не можев да ги издржам извиците на приврзаниците на фашизмот на Франко кога ја славеа смртта со зборови и на дело.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога вселената&провидението во принципиелна коалиција со борците и Бранко се решат на една работа, тогаш тоа сигурно ќе се оствари.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Околу нив постојано протрчуваше сниското слабо човече Крсто, еден од деградираните командири на партизанската војска, и го раскажуваше по којзнае кој пат оној случај кога тој божем имал храброст да го изведе својот вод пред бригадата и да изјави со полн глас дека одбива да замине со борците на Сремски фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)