Учителката стоеше достоинствено, насмевната и со некоја чудесна мајчинска топлина во гласот, со меко и долнавесто лице, со големи, тркалезни црни очи и едноставно Пела во себе ја замени со Богородица онаква каква што ја знаеше од црквите!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)