со (предл.) - благослов (имн.)

Невестата и зетот бакнуваа рака, гувееја, тураа ракија и вино, та дури и заиграа колку за адет и најпосле дојде саатот да останат и тие насамо. Со благослов од попот невестата си влезе во земникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А речено е дека само јас можам да сум дарител што ќе го предаде каменот со благослов.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ние сме далеку...со благослов... јадете!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бунарот беше од мене, со благослов божја, за целото село каде што сум растел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Крилат ангел со благослов кон небо летна. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со благослов на игуменијата Минадора главушија ни е овој Онисифор а се чувствуваат за челници и Борис Калпак и Онисифор Мечкојад.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Триглаво животно сме“, рече Орлен Шумков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се смилостивил калуѓерот и го качил пет-пари-човечето на својата магарица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Добра беше таа. Од последниот грст брашно му меси леб, го прекрсти и го натопи со солзи, потоа му го предаде со благослов.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)