Или, ако не можеш да смислиш нешто поумно, тогаш, кога ќе тргнеш од горни двор, на првиот свиок во сокачето удри со автомобилот во ѕидот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Будалесто лето: со малечката се нуркаа,собираа школки по песокот, се смееја пред фигуринките на голите танцувачки, шепотеа за делфините скриени во тајната одаја на миноската кралица, се јазеа по подјадената тврдина на Млетците или, со автомобилот, го сечеа островот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Да, тој го стори со автомобил, му даде кредит, но каков кредит! Да ти ја исцеди сета лој!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Следниот, последен ден од престојот, сите тројца со автомобилот на Томо стигна на имотот на Јана во Качарево.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Каква врска има машката хомосексуалност со шизењето, со готвењето или со музиката што ти лежи или со автомобилот што го возиш или со тоа што го облекуваш или со дизајнерскиот период што ти е драг?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тргнавме со автомобилот пеејќи песна од Тоше.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Една вечер враќајќи се со автомобил од некој концерт, мојот пријател Норман и јас останавме опсипени од сликата која изнурка од некој мрачен подвозник и удри во автомобилското стакло налик на ненадеен кошмар.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)