со (предл.) - авион (имн.)

На ова се спротивставил Мекдоналд, но му било кажано дека со сила ќе бидат однесени во ГШ.290 По пристигнувањето во ГШ, мисијата Brasenose со Мекдоналд била евакуирана со авион за Италија на 21 октомври 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Весниците соопштуваат: „Малите дипломати со авиони патуваат.“ Дипломатите војните ги забрануваат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Сега, патувам со авион, кога ќе ме поканат на некој симпозиум, спијам по хотелски соби, кои во сеќавањето се рециклираат во една безлична соба со божемен уметнички акварел.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
THE SEEKER ON THE WAY OF SOUND
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На 27 годиини првпат полетав со авион и првпат објавив книга.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се плашеше да не ѝ се влоши здравствената состојба уште додека е тука. Пред да се врати дома. Нема да може да отпатува со авионот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Александар одамна веќе патува со авион.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас, јас поминувам еднаш неделно на Онкологија да земам нова доза таблетки за чичко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се обидував во височината во која пловев со авионот низ осветлените врвици на ѕвездите, да го издвојам најзначајното во мојата медитеранска мисија, кое што ќе заземе постојано место во моите Амбасади и покрај силните и неумоливи бранови на заборавот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Противникот знаеше каде сокривме глави и ката ден не биеше со топови, минофрлачи и најмногу со авиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гледај, ќе одиме со пладневната ракета во Л.А, со хеликоптер во два часот во Санта Барбара, со авион во девет во Енсенаду и таму ќе ја минеме ноќта!“ 71
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)