Беше преубава Турчинка која живеела и пораснала во Охрид, па се омажила со Македонец кој живее и работи во Америка.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
40. Познато е дека месните војводи секогаш си зборувале само на мајчиниот јазик, а се знае дека, на пр., Д.Груев со Македонците си зборувал само на македонски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Груев со Македонците си зборувал само на македонски. Така правеле и други револуционери, па и Ѓ.Петров.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Памтам кога Лептокарија в лето беше полна со Македонци, ко денес Градиште.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Од тие причини неговиот извештај претставувал "салто-мортале" и давал сосема поинаква слика за населението што живеело во областа Лерин, а особено се разликувал од дотогашните извештаи кои биле доставувани до Форин офис од лицата што биле во придружба на официјални грчки лица и "супервизори" на она што се разговарало и какви информации ќе се добиеле од месните жители.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Несомнено дека неговиот „шок“ бил голем кога дошол во непосреден допир со Македонците што живееле на територијата на која требало да ја извршува доверената задача.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај фактот што вистината за настаните во Македонија во американскиот печат полека си го пробивала своето место, односно може да се каже - задоцнетата вистина за носителите на отпорот, американскиот политички естаблишмет, по смртта на Рузвелт, влегол во сферата на "реалната политика" и застанал во одбрана на интересите на западната демократија во Грција и во Турција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според неговите согледувања, од тогашното расположение меѓу политичките кругови во Бугарија, „четириаголникот Горна Џумаја-Разлог-Неврокоп-Петрич ќе биде дел од македонската држава“, додека проблемот со грчката граница, како што забележува М Вестерн, е многу чувствителен, и покрај тоа што никој не можел да го оспорува фактот дека зоната меѓу Лерин и Солун е „населена со Македонци, кои малку се разликуваат од нивните роднини северно од границата“, а „Солун е природно пристаниште на областа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)