Подготовките на бугарскиот окупатор во договор со Германците за офанзива на овој терен започнуваат во текот на април 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Намерно ги избегнуваше. Посебно тие што знаеја дека се омажи со Германец.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
— Цело село е со Германци, вели, мажот ми веќе го зедоа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некои Бугари пишуваа долги писма и ги навредуваа Србите: како сега се вратиле од Србија и ги виделе нивните невести; со нив јаделе и пиеле, та дури и спиеле; како тие таму кркаат и беснат со Германците и со нив — Бугарите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Гала со него се сплетка и потоа глава не крена – на многумина голем ќеф направи, но после тоа со Германецот, никој за жена не сакаше да ја земе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Рајчани е полно со Германци! Бегајте! – им велеа луѓето...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
На влегување, пак ни се сретнаа очите со Германецот. Ни се полажаа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сите возови се полни со Германци, цела Германија се враќа од Сибир.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)