со (предл.) - секого (зам.)

Светкаат блицеви и секој се гушка со секого.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Не прилега вие да се дружите со секого и насекаде, зашто вие не сте како обичните созданија и безразложна твар.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше еден од друг, ги довикуваше од просторот од тишината и од вековите, од облеката и од празниците, од сите пештери и од сите жетви ги собираше, им се умилкуваше, ги галеше, им шептеше, ги средуваше во мали врзопчиња, ги подучуваше и им се подналутуваше, им зборуваше и им појаснуваше дека за сите нив има голем порив да ги разигра, да им открие поинакви и поинакви значења за да не талкаат расфрлани и неразбрани низ сечија свест и низ сечии копнежи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Дојде тој и ми уништи сѐ. Беше посесивен, го знаев тоа, мислам дека болно си замислуваше дека флертувам со секого што ќе ми се најде на патот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Па, кога како хор ќе дојдат да те соберат тебе и тоа „три кила месо со очи“, сите во нови алишта и чевли и со поворка до автомобилот, а сето снимено и фотографирано по принцип „секој со секого и секој со сите и со бебето“, протрчуваш до аптеката во болничкиот двор и пазаруваш протект апчиња за секоја евентуалија затоа што знаеш дека во следните шест недели никаде нема да одиш освен до креветчето и до јажето за пружање пелени, бенкици и „шведски“, а нему си му пожелна како првиот ден, и дека многу бргу, веднаш по првата недела, ќе те побара под ќебето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не сум јас чорбаџи Теодос. Јас сум Доцко, кум Доцко, кум Давадос, цигански кум...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПАНКО: За тебе не се чудам. Ти би се ујдисал со секого, со Цигани и со ѓаволи. Ама чорбаџи Теодос, тој со Ѓупци!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сѐ живо е во еден сладок занес, сите грижи се фрлени настрана, секој со секого е брат, секој со секого е пријател.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зар дека многу наблиску е злото и секој со секого се клевети, само напорки се гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа му значеше дека со секого може да разговара, со секого му оди зборот: од чистачот на чевли, што го чекаше на плоштадот секое утро додека Миха му се приближуваше со бурек во устата, до последниот гостин - професор по покана - кој покрај предавањето ќе посака и да размени мислења со колегите, повеќе пренесувајќи ги одошто разменувајќи ги своите со нивните искуства.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Затоа, мислам дека најмногу ми одговара една состојба на врамнотеженост на нештата, состојба на мир со секого па дури и со родениот брат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сите пијат, пејат и се гушкаат со Илија. А и секој со секого. Некој само со себе си се гушка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така секој со секого се клеветевме и се виде дека од човекот немало поголем нечовек...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)