И сега, ете то, го теши Митрета и му го изложува својот план: — Каде е на конак аскерот? — Долно маало — одговори Митре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Како, бре слепци, баш ваа вечер најдоте да влезите кога мулазимот од Витолишча со педесет души аскер е в село? — му рече Митре на Илија и почна да се возбудува да не стане некоја штета баш тука, во селото, за кое тој одговара по две линии: како коџабашија пред турската власт, и како организациски човек — пред Организацијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мулазимот Рифат — ефендија кондиса со педесет души аскер во Брник и немаше ден да не се печеа два три брави, десетици кокошки, стотици јајца, котли со алви, за да се избегнат зулумите од овој катил забит.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)