со (предл.) - двајца (бр.)

И токму една ноќ Митре со двајца свои другари кладе мамец на стапицата (еден сомун и на него книжулче со натпис: Бегај Гано од мое Старавина оти мајчето ти го расплака ако ми падниш в рака), и еве ти ги во утрешната мугра двајца „Гановци" на мамецот, а Митре со другарите кои преседоа цела ноќ на „пецање" им се фрлија одзади.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Горе во тумбата излезе булук брави од пет шестотини глави со двајца овчари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И преку ноќта, само со двајца вооружени Турци на коњи ја впрегна тој колата, ги качи жена си и децата, и сите тргнаа за Охрид...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сепак, не бев таков тип на девојка, во принцип мразев туѓо, не давав свое, не се плеткав со двајца од исто друштво или роднини, избегнував бивши на другарки и на братучетки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ме молеше да отидеме во дискотеката „Парк“ каде што седеле во сепаре со двајца многу познати пејачи од македонската естрада.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа беше време на интензивно дружење со двајца андерграунд поети, Поп Дучев и Ванчо Ѓошевски - Irfante кој сѐ уште живее во Берлин - место каде заврши последната европска војна и од каде почна реално да се распаѓа комунизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Надолу допира до море со голем пристаништен град со двајца светци што лебдат горе на небото а нагоре местото цело како од бишки изриено.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го изгубив видот на утробата, не бев веќе нему подобен, и трајно се здружив со двајцата понижени и бедни духом, во борба со Него, што заврши така како што заврши: јас денес мрава сум, на црн мрамор, во најцрна ноќ, а Бог не само што ме гледа, туку и го слуша топотењето на нозете мои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш низ поворката, одзади, се пробутка онбашијата Екрем-ага со двајца сејмени покрај себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаш чувство дека со двајца разговараш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го опеав, се прекрстив над него и - еве ме во негови чизми кај вас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа се спријателил со двајца смеолики терикати со маузерки и конспиративно се побратимил со нив на вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рече со растреперен глас Момите два пати се благословени - со две мајки и со двајца татковци! а немо продолжи во себе Прости ми, изумив дека одамна Роса ви е и мајка и татко!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Околу сонце огревање утринава прошетаа низ пазариштето четворица агалари со двајца сејмени по нив, и со некаков интерес се загледаа во групата мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А кога ја заврши тирадата мене ми се обеси на вратот и им довикна на неканетите туѓинци во нивниот извештај да натокмат дека ваков акт на интимност не водела таа само со еден туку со двајца.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога се приближија, Трајче виде двајца врзани Германци, а по нив одеше Саво и ги спроведуваше со двајцата други партизани облечени во германска униформа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но да се потсетиме на приказната. Едно попладне, додека седел во својата градина под едно дрво заедно со двајца пријатели, Јапонецот Мијато Акиносуко задремал и притоа сонил чудесен сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Доведе аргати и почна да копа во мајданот, кој беше сосема засипан со земја и обрастен со грмушки и со борчиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Него го најми везировиот хазнадар и го испрати, со двајца луѓе, во Босна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)