против (предл.) - првостепен (прид.)

5 Постапката пред првостепениот (основен) суд мора да се заврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на тужбата, додека второстепениот (апелационен) суд е должен да донесе одлука по жалба поднесена против првостепената одлука во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата, односно во рок од два месеца – доколку пред второстепениот суд се одржала расправа (чл. 405). 3) во доменот на т.н. квалификувано „договорно застапување“ пред суд, дадена е можност работникот да не мора да биде застапуван од страна на адвокат, што е значителна олеснителна околност, знаејќи ги високите цени согласно фамозната Адвокатска тарифа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Претходно, подносителот на барањето за издавање на одобрение за засновање на работен однос можеше да поднесе жалба против првостепеното решение во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението (чл. 5, ЗУЗРОСД).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)