против (предл.) - бег (имн.)

Таму, во лозјата се собраа дечишта, па и по некој возрастен и Ѓорѓи им држа реч, да се дигне народот против беговите и чорбаџиите, да коле и тепа народни изедници и на крајот да се дигне и на востание како Коприштица, Пештера, Батак и други места во Бугарија и Србија што направија и, ете ги сега слободни, та „и ние да се ослободиме“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти знае оти ние ни против бегот ништо лошо не сме сториле а камоли сега против валијата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)