при (предл.) - секој (зам.)

При секое мерење тие десет сантиметри ги паметиш и ги додаваш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
При секое отворање на вратата воздухот по малку се прочистуваше.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
АГРАМЕРИТЕ ЛЕТААТ ВО НЕБО „Пичка му мајчина“, мрмореше полугласно еден човек во трамвај длабоко воздивнувајќи при секоја пцост.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
— Толе! — шепотеше при секој бакнеж. — Толе! Не оставај ме никогаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Возовите се огласуваат при секое поминување покрај нашиот двор. Ревносно. Шумно: свират, пуфкаат, татнат: - Фиу-у-у-у... - У-у-у-у... - Пуф-пуф-пуф. - Пуф...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Децата им извикуваат, ги крштеваат со разни имиња, според тоа веќе како им одекнува во ушите свирењето и пуфкањето на локомотивите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бојан гледаше како работи дедо му, замавнуваше со косата, чувствувајќи при секој откос чудесно задоволство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Баба Севда продолжи така смерно да си седи на патот, потпрена на ѕидот зад неа, со патерицата навалена крај неа, при секое поткревање на погледот тресејќи ја главата и главно со наведната глава во знак на покорност и помиреност со судбината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А нам ни ја пресекоја радоста и ни отворија рана, болна, сечена, тешка, отворена рана... рана на срцето и рана на душата, рана што не се гои, и при секое спомнување на рожбата боли, се отвора, се обновува и крвари, гори и пече.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Завивањата почнуваа веднаш крај нив, на неколку чекори од нив, тоа ги тераше при секој нов писок да се ребрат, збрани во студените трпки на страот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само едно пријателско довикнување, на што старчето, без да се обѕрнјува, клима со главата, за да продолжи да го повторува тоа при секое пречекорување понатаму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето тоа, собрано во едно тешко бреме, мораше сега да се носи на својот грб таму, напред, кон дома, со тоа мораше да се тоне во длабокиот студен снег, тоа мораше да биде извлекувано од под онаа тврда кора, што удираше во цеваниците при секое пречекорување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Толку ти е мило во душата што при секое посегање да сркнеш од чорбата, лажицата ти бега надвор од ваганот. На несакање ти бега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
При секое влегување дома ќе ги изрецитираше трите куртоазни фрази.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
При секое исправање на неговите дебелушкави коленици беше очигледно дека му се тресат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќето од времето тие му се извикуваа, го навредуваа и му се закануваа при секое негово премислување дека повторно ќе им биде предаден на стражарите; но понекогаш, ненадејно, ќе ја сменеа песната, го нарекуваа другар, го преколнуваа во името на Ангсоц и на Големиот Брат и го прашуваа тажно дали дури и сега во него не преостанало доволно лојалност спрема Партијата за да посака да го исправи злото што го направил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Малтерот постојано се лупеше од таваните и од ѕидовите, цевките пукаа при секој посилен мраз, покривите прокиснуваа секогаш кога паѓаше снег, системот за греење обично работеше со половина снага кога не беше сосем исклучен од економски причини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имено, таа од 1997 година престанува да се води при секое засновање работен однос (наместо претходната одредба која пропишуваше вработување на неопределено време со полно работно време), при потполно губење на работната способност (наместо претходно непрецизираното губење на работна способност), при нејавување на покана од Заводот од неоправдани причини (во 1987 година условот беше двапати едно по друго да не се јави на покана да учествува на конкурс или оглас за вработување, без да извести за причините за тоа нејавување) и при започнување со земјоделска, сточарска или друга дејност од која се остварува приход во семејството кој просечно месечно не е понизок од просечната плата по работник во стопанството (наместо претходната одредба која бараше земјоделството да биде единствено или основно занимање на даден поединец за тој да биде избришан од евиденцијата).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сомневаше дека му прави магија да умре, зашто при секое враќање од брегот каде што ја држеше ногата во топлата вода, ја забележуваше неговата слика обесена на ѕидот во одајата, малку помрдната, а на очите фрлена пепел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Речиси при секој збор внимавав на своите гестови; дури и на насмевката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
При секој празник, попот ги подучуваше луѓето, им велеше да си прават сите црковни редови, да не ги закопуваат луѓето како ајвани, туку задушниците редовно да им ги носат како што го рекол тоа господ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
При секое идење во селото, со себе водеше еден силен, красен бик, Ромео го викаше; во целата околија немаше таков: со која крава ќе се спареше, мораше да фати, да се оплоди, а телињата беа многу понапредни отколку оние што се спаруваа со обични, селски бикови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
При секое доаѓање кај Висар, учителот му носеше и цвеќе; му го носеше цвеќето синчец кое учителот го викаше „детско главче“; му го носеше него, бидејќи и син му ова цвеќе го сакаше најмногу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Средбите со него веќе како да ми беа терет, при секое излегување нешто во мене како да се бунеше и ми велеше да не го правам тоа што навистина не сакам да го правам.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
При секое влегување во даскалницата, Петрета го наоѓавме со камена плоча на скутот како ја глода со тоа едно максуз направено чеканче за кошање камен.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
При секое издишување, боксот ми се стеснува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)