при (предл.) - себе (зам.)

Му се чинеше дека е тоа нешто најмногу до кое може да достигне во својата љубов, да го има при себе барем отисокот на нејзиниот лик.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Соколе се свиткува на столот, погледува загубено наоколу - сите знаат, но тој треба сепак нешто да одговори: - Не си при себе денеска, - му вели на Боцета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таму го затекнавме Тимотеј, чесниот верник и следбеник на Исуса, кој, откако се обрежа, го зедов при себе, та заедно учејќи ги верните христијани на она што бевме го договориле со другите апостоли и старешини во Ерусалим, продолживме низ Фригија и Галатија, славејќи го името Божје и јакнејќи ја црквата Негова на земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Имаше притоа Мехмед паша постојано при себе и еден стар ферман со султански оловен печат стасан до дедо му, славниот Исхак-бег, кога овој стана заповедник на Скопје: ферманот беше пишуван со рака и зелено мастило, а дојде во футрола од ѓон, со сребрени скопци, и залепена со восок: не само што постојано го препрочитуваше тој ферман, туку и го учеше на памет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му рапортирав дека нечесно постапија!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чауле си беше ептен при себе. Лично интервенирав кај Мијалче Штипјанчето!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ех, која љубов? – Позабошоти Дедо Мраз откако дојде малку при себе.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Вечерва, така нешто ми вели главава, не сум при себе.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Можеш ли да ми одговориш, се сврте тој кон мене, кое било првото прашање што си го поставил Адам кога се нашол во надворешниов свет во кој ќе треба самиот да одлучува а притоа не му се дадени или нема при себе никакви упатства и елементи што ќе му помогнат да донесува одлуки што ќе го поведат по вистинскиот пат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)