преку (предл.) - отворен (прид.)

Заради тоа, тие се ангажирале да го попречат таквиот од на Организацијата преку мирно вовлекување во нејзините редови и преземање на нејзиното раководство, или преку отворено конфронтирање со неа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Преку отворениот прозорец допираат звуците на еден обичаен, радосен делник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Или би го преграбал здебеленото тело и би го отпратил преку отворениот прозорец на купето во мочуриштето низ коешто трескоти возот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Хаха, ха и хихи! — се насмеа Бојана гласно и се слушна дури на конакот, та и стариот мудур погледна преку отвореното пенџере, кое гледаше кон перачките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Слезе во дворот, преку отвореното вратниче фрли поглед кон стариот кој спиеше, дишејќи брзо и длабоко како да воздивнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И така од „слика” во „слика” влегувате во еден ист простор кој доживува морбидна трансформација, сѐ до онаа слика во која стојат расфрлани работите на Даниел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)