преку (предл.) - голем (прид.)

Низ пукнатината на делканата оревовина ги виде сите живи во селото и оние што се далеку по светот, насекаде, преку големи реки или преку мориња со непознати риби и треви - чекорат, ги затвора круг во рамка на безизлез, се враќаат, остануваат по патот по дел од себе, потоа со згрченост ... гроб ... пепел; од нив остануваат само очите да ја бараат целта; распослани насекаде, тие се цветови на црна пролет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бенвениста ја плати јасновитката иако не знаеше зошто така ја нарекуваат кога нејзе судбината на Рафаил ѝ стана поматна, та излегувајќи на кошавата која Севишниот ја беше пратил за да ги расчисти маглите кренати над устието што тие денови го гушеа Белград, првпат се свести дека залудно губи време во надежи и очекувања и во фантазии што не ѝ допуштија да го види она што вистински го има, синот Јехуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јасновитката ја пречека како сѐ да знае и ѝ рече дека син ѝ е здрав и прав и дека се наоѓа далеку, преку голема вода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Му одам на рака колку што можам, по јаже преку голема вода се движам и, слушам, „Еве и ти сега“, ми вели. „Што јас, бре!“ му велам. „Што!...“ ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)