преку (предл.) - ѕид (имн.)

Врз дамките на секирата паѓаат нови дамки. Црвени, блескави. И преку ѕидот. И врз чергата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Миладин прескокна преку ѕидот и се приближи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вечерта Патрокле се отпушта за спиење и слуша преку ѕидот, во соседниот кауш пискотници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој помисли: „Чие е ова писмо? - Кој го фрлил во дворот? Сигурно е фрлено преку ѕидот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Продолжија со кренати раце. Поминаа на преминот преку ѕидчето под оревот и удрија право на масата испречена на нивниот пат кон шаторот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Оддалеку, преку ѕидовите, Арсо слушна пеење. Мелодијата полека навлегуваше во него и млачно ја растворуваше тагата за нешто неодредено. Се упати натаму откаде што доаѓаше гласот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одеднаш нешто се јадоса и туку ја фрли преку ѕидот во нивјето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)