преку (предл.) - маса (имн.)

Претседателот на Дисциплинската, подавајќи се напред преку масата, со рака му покажа на Брзакот кон трите столици.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Замисли си за момент дека сонуваш, тоа веројатно го можеш - доверливо ми се приближи таа преку масата - Или за момент поверувај дека си влегол во туѓ сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го сфаќаш ли тоа - се наднесе Роза преку масата. - Доаѓа по полноќ, влегува како крадец. Ниту да го слушнам, ниту да го видам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јана ја прави посебна една друга карактеристика што може секого да го зашемети - и повторно Зрновски се подаде преку масата - тоа се количините љубов со кои располага!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неколку минути не изусти ниту збор, не се ни помрдна, недоверливо гледајќи во мојот пријател со подзината уста и со ококорени очи; потоа, доаѓајќи си малку на себе, зеде едно перо, и по неколку прекини и џарења во празно, најпосле пополни и потпиша чек на педесет илјади франци и преку масата му го подаде на Дипен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)