Сепак сета таа случка остави длабока трага во неговата душа, подлабока од засекот на корбачот преку грбот, ги збрка сосем некои негови тврди претстави за
човештината, раздвижи различни чувства, а особено го потстакне чувството на револт, кое не можеше да не си најде и надворешен израз во вид на извесна акција.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Инаку, како беше можно да се објасни еквилибристиката на шеесетгодишниот алкохоличар Роналдо Гонзалес, кој одеше на една нога по жица, со жена на грбот, или трапезистичките точки на Ина и Светлана Коленина, вратоломните фигури на групата акробати од Латвија, или пак фигурите на жената од гума – Аманда Заморано, што можеше да пуши цигара со нозе, и тоа свиена во половината преку грбот, легната на стомак?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ќе се роди кај некого желба да измами другого, ќе се појави желба да се излаже, желба на лесен начин да се дојде до корист, преку грбот на други.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Старецот замавна и со страшен крик на бледите усни го спушти стапот преку грбот на Кузмана.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)