Неговиот мајчин македонски јазик, којшто беше службено кодифициран пред само неколку години, со утврдена азбука, граматика и правопис, но со богата орална и книжевна традиција, најден во океанот на словенските јазици, група во која припаѓа, сега требаше да се ослободува од натрапничките турцизми кои со векови се одржувале во јазикот, во еден вид јазично заедништво и со другите балкански јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сега знаеше дека биле најави на поголемата бура, но тогаш (пред само неколку месеци, но како да било многу одамна) мирот околу него имаше вкус на вечност, а луѓето живееја како таа вечност околу нив и нив да ги сторила недопирливи и бесмртни.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пред само пет ноќи планираше да и ја смачка главата со парче калдрма, но тоа сега немаше никакво значење.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој, Винстон Смит, знаеше дека Океанија беше во сојуз со Евразија пред само четири години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Забележа дека многу му се моча и почувствува извесно изненадување, затоа што мочаше пред само два или три часа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Помисли како пред десет минути - да, пред само десет минути - во неговата душа сѐ уште имаше двојство додека се прашуваше дали веста од фронтот ќе биде за победа или за пораз.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Конструирањето на авионите датираше од време долго пред нејзиното раѓање, но пренасочувањето на војната се случи пред само четири години, значи кога таа веќе била возрасна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)