пред (предл.) - сопствен (прид.)

Ослушувајќи ја со некој внатрешен слух болката во здробената рака, се исповедуваше како пред сопствен олтар: кога имав седум години пронајдов дека чевларот од нашата улица не е некој друг туку самиот сотона.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Осквернет тој никогаш не си го позволувал тоа па сега си личеше себеси како да беше истрчан пред сопствениот лов, пред сопствената среќа, а тие требаше само да бидат пресретнати. Среќата како и ловот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- А што ти е тебе гајле, секој нека си мете пред сопствениот двор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се чинеше дека Мајка се најде пред сопствениот Рубикон.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но чевлите не би биле верни ако, по долго талкање, не се вратат дома сами, како верни кучиња, и ако едно утро не ги дочекаат стопанинот пред сопствената врата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Перса долго ги држи зборовите на малечката, толку долго што денот изврвува и стигнува Пелагија од работа и додека се пресоблекува и насекаде расфрла миризба од тутун, ѝ кажува дека малечката Пелагија е многу итра, дека зборовите се лепат за неа и ѝ будат секакви мисли, Вели со сукалото се сука пита, мазник, рашадија, а не живот! ѝ кажува Перса вртејќи се околу Пелагија додека оваа како пред сопствена мајка, ја фрла работната облека, ја открива својата стројна снага настегана во црниот комбинезон нудејќи се пред неа како нејзина ќерка без да насетува дека Перса токму како таква и ја гледа, и ломоти додека навлекува лесно фустанче на бела основа со сини цветчиња Ох, мајко Персо, сега таа е отворена за сѐ, нема нешто што не се лепи за неа, а смислата на сето тоа подоцна ќе го открива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)