Се лизга кон реката, од каде, споен со Птицата, ќе долета како летен кумулус со сребрен отсјај, пред нивната шумска колиба.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Зад затворените пенџериња уште беа спуштени тешките, дебели пердиња, а во малиот двор, градинката и колјата, пред нивната куќа - ништо не се меркаше...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Седејќи на балконот Благица гледаше на местото пред нивната зграда, каде што минатата година имаше нишалки, вртешки и клацкалки, каде што така весело се поминуваа летните денови, а пак сега стоеја само неколку дрвени диреци.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Не, не, тие не очекуваат никакво внимание, тоа само така ви се чини, бидејќи пред нивната убавина ќе се почуствуваш некако потфрлен, понижен.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Исправен пред нивниот шатор, Грдан се мислеше дали да го спушти крилото за да не ѝ влегува сонцето на Горде внатре, па знаејќи каква спанка е, го затвори шаторот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Негде во средината на пролетта ( а кој да ја забележи пустата пролет?) пред нивниот влез застанаа два џипа со црвени крстови од страната, под крстовите на едниот македонско писмо, а на другиот грчко, и бидејќи беа најавени со писмо по пошта нив ги пречекаа Пелагија и Чана, меѓу нив трите внучиња на баба Петра и дедо Костадин променети во нови алишта, избањати со миризлив сапун двете девојчиња убаво исчешлани и со панделки во косите, а машкото убаво потстрижно и со патец над левото уво.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)