пред (предл.) - училиште (имн.)

Пред училиштето отстоја неколку добри часа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На платото пред училиштето имаше собрано веќе и поголема група загрижени родители.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стасаа пред училиштето и влегоа во училишниот двор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но глеј, сега првпат ја нема пред училиштето!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа без оглед на годишното време си беше пред училиштето, тука, пред куќата на учителот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние се грижиме за чистотата на училишниот двор, ама сметот од дворот останува на тротоарот пред училиштето. Кој е крив?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се плашев да не заталкам. Ама убаво ми објаснивте: автобусот број 5 или 15 и право пред училиштето.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Слегоа на последната станица - пред училиштето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога врвеа пред училиштето, луѓето погледнуваа кон војниците и си шепотеа: - На царот му била боса главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)