- Да изодиме пред сонцето да припече, Ѕвездо моја, Да се качиш на магарето? - се сврте домаќинот Петре и прашално ја погледна истоштената домаќинка.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И за проодување ѝ кажав да викне две сестри и сестрите да земат со устите вода од под воденица, пред сонце, во недела, уште неугреан денот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дури е и поминато, требаше порано, пред сонце да излезам од кај тебе.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Која од нив им го покажува времето и оди напред пред сонцето? Ни една.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беа дојдени на работа уште пред сонце, тогаш никој не прашуваше за времето и за тоа колку си работел, за сите беше важно работата да се врши и да се искористи времето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)