Што таа врзала, човек, не раздвоил.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И луѓето од Козар маало и сите други во градот што имаа кози имаа мачни искуства со пописните „козји” комисии: на едни козите им беа дрско одземени, на други заклани пред семејството, трети завршија пред суд со сѐ козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нежно се прегрнуваат, легнуваат на брачната постела и се соблекуваат, се чувствуваат, ги допираат своите кожи, растреперени и гладни за сласта што им доаѓа како награда за трпението, скромноста, чедноста, што некој сакаше да им ја попречи и открадне, но којашто ете тие си ја отворија во вечната свадба и љубовна игра во која си припаднаа еден на друг засекогаш, пред своите срца, пред семејствата и пред лицето на Бога.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)