Ти ги испратив тебе
поради твојот занесен изглед
небаре без престан посматраш
водени отсјаи
стари карти
кутии кои се отвораат
само пред сведоци
списи кои се даваат на реверс
саркофази врз коишто светлосните
зраци смртоносно се
вкрстуваат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Ами, бре Кузе, тешко ми е да одлучам без Ѓорѓи. Туку штом него го нема, да ти дадам нешто на чување, ама пред сведок. - Пред сведок велиш?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)