Молчиме ние тој вика Молчиме сите тој пее Прокиснува песната негова во белиот дождец на зората и во полето леко се крие Пред прозорецот отворен молчиме молчиме бессоницата и ние.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Но и со таква лутина нешто ме тера да подзапрам пред прозорците од бараките, да се видам на стаклото, да ја навалам капата над увото, да ги натресам кадравите коси.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Секогаш кога влегувам во просторијата за сослушување иследникот стои пред прозорецот со грб свртен кон вратата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Иследникот ја вади левата рака од џебот, но не се свртува кон мене.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Влеговме сите в куќи. Татко запре пред прозорецот на чардакот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Масата на која ги пишувам изјавите повеќе е осветлена од претходната ноќ.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)