пред (предл.) - капитулација (имн.)

Рече дека му е драга бидејќи му е подарок од Словенецот Градник, роден во селата над Трст, кој пребегал во нашата војска уште пред капитулацијата на Италија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уште пред капитулацијата на кралската југословенска војска, нацистичка Германија ја повикала Бугарија да окупира поголеми делови од Македонија и Јужна Србија, со единствена намера да се ослободат германските единици за натамошни воени дејствија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бугарската влада го прифатила тоа барање и во втората половина на април 1941 година, во Македонија, Јужна Србија и на Косово, ја упатила својата Петта армија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)