пред (предл.) - заспивање (имн.)

Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тодора донесе икончиња во куќата на Петрета и ги изнареди околу постелите на децата, ги учеше на молитви малечките и пред заспивање им читаше од Светото писмо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пред заспивање чекаше да се огласи и јатси намази и дури тогаш заспиваше и самиот, и ова му стануваше, без да мисли, некој нов ред за денот и редот во куќата, и зашто со таквите знаења некако се извишуваше над сите неуки, а најмногу над Тодора која спиеше покрај него, гровната како насукана гемија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да не ја правеше тоа Тодора поприврзана за него? Да не не му толчеше сол врз глава секоја вечер пред заспивање?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаеме ние дека мајка ми и татко ми неизоставно ќе дојдат да нѐ бакнат пред спиење, заедно со нив ќе ја отпееме нашата „химна“ пред заспивање: „Ние сме мали дечиња, играме како мечиња“, и ќе се смееме потоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)