Како да беше дојдено времето, токму пред залезот на нивните животи, задоцнето, да си израмнат некои од нивните етапи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пред залезот на својот живот, во 1937 година, таа ќе појде кон Измир и Цариград, по трагите на своите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Молскавичен отсјај, на златни искршени прачки пред залезот... се бркаат со разиграните бранови од немирните води... слични сме: во моите зеници искрат светулки, во пазувите на езерото пламени јазици нежен допир со сласт даруваат.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)