пред (предл.) - бог (имн.)

Мнозина му се додворуваа на Боро Селински, небаре тој самиот ќе ги претставува пред Бога и пред св. Петар, небаре тој самиот ќе го држи кантарот на кој ќе се одредува местото во рајот или во пеколот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се грутчеа, небаре семејно ќе бидат претствени пред Бога.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Работата се сврши како што треба, па можеме да бидеме рамни пред себе и пред бога.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А родителите, претепаните родители веќе азбучат: ,ветувам пред бога, пред луѓето и власта дека од денес ќе престанам да зборувам на славјаномакедонски дијалект, секаде и во секое време".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаме право да мразиме пред бога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Јас го бранам мажот ми, велам, јас нему и пред бога сум му дала збор дека ќе го бранам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оние што ќе се покајат, вели, безгрешно ќе појдат пред бога.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Десната ми е за пред бога, рече Дуко Вендија, а левата за ,бал им пес мајката на овие. - Какво приказвате с’с мртвите, праша еден од стражарите на разминување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)