пред (предл.) - таа (зам.)

Дај боже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, коишто се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина – Македонија. *.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја замолив да отиде на таа и таа улица, да ја земе пратката и да ми ја донесе. Ѝ дадов пари за превозот однапред во случај да сум отидена ако пристигне автобусот пред таа да се врати.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сега кога ќе застане пред таа куќа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Требаше да ги истргне како детска играчка и да појде да се бие со глава. И уште пред таа есен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој се насмевна и ја гушна, збунет пред таа едноставна проникливост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаа уште време пред таа да се најде со Тинето кај саатот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја жалеше Змејко и секогаш се чувствуваше стаписан од некое необразложливо чувство на вина пред таа загубена верба во своите раце кај тој старец, во нивната умешност да создаваат, да градат, додека нејзиниот недостиг стоеше во секој негов збор, во секој поглед на оние очички, што не гледаа ниеднаш право в лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
149 Сепак, за уставната тужба да не остане само декларативна заложба, уште пред таа да се воведе ќе мора да се извршат одредени промени пред сѐ во внатрешно-организациониот начин на функционирање на Уставниот суд, односно зголемување на ресурсите и капацитетите поради зголемената активност која неминовно ќе настане, па затоа можеби од аспект на ефикасноста во заштитата на правата и слободите на граѓаните би било подобро сегашниот состав на Судот, во иднина, да биде проширен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Пред таа ноќ, верував дека сум човек на инстиктот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тетка Перса, пред таа да се досели, ангажира молер да ја освежи куќата, дури ја праша случајно можеби сака некоја друга боја на ѕидовите а не бела, Не, ѝ рече Пелагија, те молам тетко Персо, не арчи се, за наска ова е рај наспроти црната дупка во која живееме.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но, жените си се жени, имаат слаба точка и пред таа слаба точка не ги затвораат устите, па нека пропадне и светот ако треба.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Стоев, или лежев, со страв и болка пред тој запис, пред таа трага впишана во крвта, пред тој белег чие насетување започна со свесноста за разликата помеѓу моето тело и телото на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многу години подоцна читав една студија во која Зигмунд, тогаш средновечен, објаснуваше како се станува жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)