пред (предл.) - секого (зам.)

На една од своите трпези, со десетици имиња на монаси издлабени врз трпезата, во зографскиот манастир на Света Гора, седат монасите, дрвена паница велигденска чорба и бокалче црно вино пред секого и откако ќе ги испеат сите молитви и удри камбаната за да ги здружи морето и ѕвездите на прозорецот болснува секавица колку за миг да се види сенката Исусова додека воскреснува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Откако бил примен лично од Махмуд II и лично од него одликуван со орден, добил и три царски фермани: едниот да смее да носи оружје во секое време и пред секого, вториот да седи во Покраинскиот меџлис и да го заштитува народот од сета Мијачија и од сета Деборија, и третиот, кој бил издаден лично на негово барање, да смее да подигне џамија во Лубаново и црква во Лазарополе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Море што се пречкате тука, дајте ја ваму јас ќе ја пресечам. (Ја грабнува погачата, сече и фрла пред секого по едно парче, а останатото ѝ го дава на Ката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)