поради (предл.) - голем (прид.)

Поради големата слабост, устата и очите му изгледаа непропорционално големи, а погледот како да му беше исполнет со смртна, непомирлива омраза кон некој или нешто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој жител на Кралупи раскажува и за тажната историја на овој град - за неговото наполно разурнување од англоамериканските авиони во март 1944 година, кои го бомбардирале поради големите резерви бензин и други нафтени деривати, кои на ова место ги складирале Германците. Таков е Кралупи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кети ги испрскала модрите патлиџани со многу инсектициди за да ги заштити од бубачки, но поради големото количество прашок тие беа збрчкани, како корењата да им беа изгризени од штетници.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најпосле свртуваат вдесно, излегуваат на големиот мост направен само од железа и веќе заборава на Мурџо поради големата мазна снага на големата река што се лизга под самиот мост.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
18 Имено, според оваа одредба, работникот, по престану- само во ноќна смена поради големата атрактивност на платата (!?) – а кои, досега, тоа не можеа да го остваруваат поради постоечкото ограничување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Многу се разлути кога, поради големата возбуда или преголемата смрдеа, го промаши дивјакот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но поради големиот недостиг на љубов, нивниот нагон за убивање се претвора во некој вид страст што би била замена за отсутната или загубена љубов.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во дворот на училиштето ја немаше вечната врева, не можеше да ја има поради големиот снег.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поради големата бучава и прав станарите ги затворија сите прозорци, сите балконски врати, и сите ролетни беа спуштени.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)