Таа чинија нашите ја викаа пангар и поради неа целото тоа место за вратата се викаше пангар.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Но, и покрај дивоста со кои таа во првиот миг го задржа на растојание, или можеби токму поради неа, тој ја почувствува силната привлечност на нејзиното тело.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако ги осуетил стратегиите на албанската тајна полиција и ако поради неа нема да го оствари враќањето, ќе му преостане на крајот од полза неговото искуство („таа аскеза...”) во делото кое ќе замисли да го напише подоцна и тоа не друго, сигурно погодувате, туку романот Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Само така можев да си ја повратам таа нејзина близина, да го обновам детството во себе кое, поради неа, никогаш не ме напушташе, но чиј интензитет се смалуваше со текот на годините.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Широките подискинати карти, распослани врз училишните табли, тврдоглаво го поврзуваа со зборот непристапност – небаре големите предградија сакаат да го заштитат од туѓинци и потем исползуваат за некое мрачно нечествие од типот на баба чиј остарен син, поради неа, воглавно, останува сам...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)