помеѓу (предл.) - наш (прид.)

За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тоа е таа кањонска разлика помеѓу нашите навидум исти цивилизации: американскиот копнеж по поседување или консумирање на сонуваниот објект подразбира стоење пред излогот во којшто објектот се наоѓа; источноевропскиот сон го подразбира истото тоа, само што не постои излог.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се создадоа пет нови држави, а ние повторно си го променивме државјанството станувајќи граѓани на Република Македонија, макар што со промената во државата си остана границата помеѓу нашата родна земја и земјата на новото државјанство. Повеќе не бевме емигранти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Токму во тоа е и суштината на недоразбирањата што се создаваат помеѓу нашето однесување и воведените правила кои воопшто не водат сметка за нашите потреби и желби - објасни Жолтко.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)