Се обидов овде да го претставам гледиштето кое уметноста не ја одвојува од останатиот живот, туку пред сѐ ја уништува разликата помеѓу Уметноста и Животот, како што и ја смалува разликата помеѓу просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тука би било корисно да се спомене дистинкцијата на Анри Лефевр од „Производство на просторот“87 помеѓу простор за претставување (апроприран, простор на живеење, искористен простор), просторни практики (секојдневни активности на повторно освојување и населување на просторот, детерминирање на неговите сегменти и територијализација на потребите и желбите во рамките на тој простор) и претставувања на просторот (планиран, контролиран, уреден простор) „што пасивно се доживува“ од страна на корисниците.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тие се и локусот на бездомните лица, единственото место каде тие стануваат видливи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)