помеѓу (предл.) - дел (имн.)

Ричард Костеланец Џон Кејџ (1970) Кејџ (2) Имагинативна конструкција Кејџовото творештво може да се набљудува како процес на постапни промени и иновации настанати како резултат на специфичното музичко-мислено занимавање. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 171
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во почетокот на четириесеттите години настануваат Кејџовите важни познанства со уметниците - Марсел Дишан, Марс Канингем, Вирџил Томсон, Ласло Мохоли- Наѓ, Макс Ернст, Пит Мондријан, Андре Бретон кои подоцна се прошируваа и според Кејџовото признание опфаќаа влијание од неговите учители, пијанистот Ричард Булиг и композиторот Хенри Кауел, Адолф Вајс и Арнолд Шенберг, потоа композиторите и уметниците, неговите современици и истомисленици, Лу Харисон, Алан Хоуханс, Мортон Фелдман, Ерл Браун, Кристијан Волф, Дејвид Тјудор, сликарите Роберт Раушенберг и Џаспер Џонс, скулпторот Роберт Липолд, зен-учителот Д. Т. Сузуки, ботаничарот Гиј Г. Неринг, својот татко, пронаоѓачот Џон Милтон Кејџ, интелектуалците и мислителите Норман О. Браун, Маршал МекЛуан и Бакминстер Фулер, па сѐ до оние кои ги познаваше преку нивните дела - Ерик Сати, Антон Веберн и Едгар Варезе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помеѓу 1933-34. ја истражуваше можноста за хроматска организација на низата од 25 тона без повторување (Шест кратки инвенции, завршниот дел од триото Соло со неизоставно следење на два гласа во канон); 1935-38. користеше фиксирани ритмични структури организирани по принципот на серијална техника; од 1935. постојано прави дела во кои ја комбинира играта, филмот, театарот, ТВ-то; 1939-56. компонираше музика (Прва конструкција во метал) во која ритмичната компонента е организирана на основата на истите пропорции на малите и големите делови; 1938-51. настанаа делата во кои е нагласена (ориенталната) експресивност (Сонати и интерлудии); од 1951. ги користи “операциите на случајот” и посебните, за нивна употреба направени табели; 1952. настануваат неговите најважни откритија, помеѓу останатото и примената на несовршеноста на хартијата при одредувањето на структурата на делото според Ји Џинг; 1954 ја воведува неодреденоста, прво во делата без однапред одредени односи помеѓу деловите (Варијации); 1958. настануваат композиции без фиксирана партитура, но одредена при самата изведба; 1967. користи компјутер за одредување на звучните и композициските параметри; 1969. ги конципира делата во кои ја укинува разликата помеѓу изведувачот и слушателот (33 1/3); од 1961., кога излезе книгата Тишина, развојот и промената на музичките искуства ги следат теориските и мислените ставови кои ги изложуваше во текстовите (претставени во Маргина).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)