покрај (предл.) - наш (прид.)

Ние сакавме да покажеме оти и покрај нашето образование и воспитание во разни држави или пропаганди, ние претпочитаме сите да направиме отстапки од своја страна за општомакедонските интереси, за да не бидеме орудие во рацете на пропагандите и на нивните цели: за да не се стремиме кон соединување ни со Бугарија, ни со Србија ни со Грција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Возовите се огласуваат при секое поминување покрај нашиот двор. Ревносно. Шумно: свират, пуфкаат, татнат: - Фиу-у-у-у... - У-у-у-у... - Пуф-пуф-пуф. - Пуф...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Децата им извикуваат, ги крштеваат со разни имиња, според тоа веќе како им одекнува во ушите свирењето и пуфкањето на локомотивите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие мудри суштества кои молкум лазат покрај нашите нозе, така незабележливо, се трудат да опстојат во сенката на стопанот што го одбрале...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Гостивар е: П.бр. 139/96; а во Врховниот суд на РМ: Реб.бр. 189/95.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепената пресуда на Апелациониот суд – Скопје, и покрај нашите обиди, не успеавме да ја прибавиме.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да се живее на маргините, да се искуси прагот, да се биде на границата бара од нас да се биде подготвен да ги надминеме нашите навики, убедувања и предрасуди, да научиме и да го искусиме другиот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Да се искуси границата со сите нејзини контрадикции, но и нејзиното изобилство на живот, значи да се практикува толерантност, коегзистенција и живот еден крај друг и покрај нашите разлики.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Секогаш му се радувам на она што опстојува и покрај нашите страхувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)