Радуле и Стојна не ги вознемируваше дури ни можноста дека секој момент може да наиде и да бувне во собата оној нејзин придонесен син, Оливер, кој токму тогаш можеби играше фудбал на широчинката под Црвената кула.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На наддланката му лазеше пролетна бубачка под црвен оклоп, она за која се веруваше дека е предабер на гости.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога сакав гласно да го повикам, тој скубна од земја тревка и ја стисна со заби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)