Стрелал и пеел со персиски зборови за месечината и за бескрајноста на шумите под сребрената пајажина на светлоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Под сребрениот капак со изгравиран жерав времето се одмотувало кон својот бескрај оставајќи ја зад себе смртта на своите стопани.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Од своето камено гнездо, колку куќа толку кула, без жени и без слуги но со белези што го покажуваат дури и умирањето на бигорот, Селџик-бег ја пречекал мулазимовата заповед со крвави очи и со пушка в раце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)