под (предл.) - дебел (прид.)

Штом сеизедливиот оган ги испече добро, откако жарот се ’згаси, под дебели сенки дружината наша се собра: песната долго се гласи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Соседните куќи изгледаа тажни и уморни под дебелиот снег што ги притискаше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Скриена под дебелите сенки на стариот орев, надвиснат над летниковецот, Јана со цигарче го густираше своето попладневно кафе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зградичката на пиланата, потисната како недоотворена кртечина под дебелиот снежен покривач, смачкана од една дебела снежна капа, прилегаше на недопорастена печурка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Леските беа речиси полегнати под дебелиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ѝ го откривам внимателно бедрото а гледам кон Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога втасува Даскалов Огнена седи на една од карпите покрај патот и се обидува со јаготките на прстите да напипа што се има случено со коската под дебелите меса.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Занемен ко скитник под дебелите дабови сенки опуштено со поглед во далечината... недогледна...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)