Тенковите застануваа и по кратко време се повлекуваат сѐ до патот што врви под селата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тромаво и споро ја подигна раката за да ги повика од зад себе и само со два-три збора се разбраа како ќе се поделат.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кога стигнаа до работ на чистинката, го слушна лаењето на кучињата. Беа веднаш под селото.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
АНЃЕЛЕ: Еден патник. Идам од гурбет пак, под селово ни се расипа автомобилот...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Се задале сватовите од под село да идат: нункото напред со ургулицата в рака, по него зетот и сите сватови, свирејќи со гајдата и фрлајќи пиштоли дошле во Божинови дворови.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Слезе долу под селото, го отвори вратничето на Евтинковата Ливада, најде еден кол и со камен го закова колот во ливадата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Застанаа до еден голем даб под селото.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Под селото имаше едни италијански пленици. Кога одевме да работиме ги гледавме како се мачат. 107
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги земаме крстовите од црквата, ги креваме иконите в раце и ајде, ајде, одиме со пеење низ село, под село, низ полето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не стаса под село кај топилана Швргоски.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Реката што слегува од планината, врви кај патот, се лиже од неговите ѕидани потпори, а потоа под селото, го напушта и оди слободно низ полето, се витка како јагула и се пика во езерото.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)