под (предл.) - огниште (имн.)

Оганот, распален, плапоти; борина — куп под огништето; светелникот веќе го исправиле и куќата ласнала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Празниот простор под огништето така и се вика — „подогниште".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста се позадржа со децата. Ја крена тавата, ги смете и нивните ронки, и кога Илко ги истури дрвата под огништето, му рече: — Ајде сега да одиш да го ватиш црниот петел шо сака сестрица Митра да го коле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)